Обединето кралство

Принцезата од Велс откри дека и е дијагностициран рак

23.03.2024 19:53

42 годишната принцеза од Велс, Кејт Миделтон, откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија ...

42 годишната принцеза од Велс, Кејт Миделтон, откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија. Во нејзината видеопорака, таа информира дека последните неколку месеци се исклучително тешки за целото семејство, но и дека има фантастичен лекарски тим кој се грижи за неа.

Таа откри и дека во моментов е во почетна фаза на превентивна хемотерапија. Кенсингтонската плата, соопшти дека нема да споделува повеќе детали за здравствената состојба на принцезата и ги замоли луѓето да не шпекулираат.