Временска прогноза

Сончево и релативно топло време

24.03.2024 08:35

Денеска ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност ...

Денеска ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Утринските температури се движат од минус 1 до 6, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 10 до 21 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.