Русија

Денеска во Русија ден на жалост

24.03.2024 08:45

Четворица од осомничените за вооружениот терористички напад во концертната сала „Крокус сити хол“, во предградието на Москва ...

Денеска во Русија ден на жалост. Четворица од осомничените за вооружениот терористички напад во концертната сала „Крокус сити хол“, во предградието на Москва, се странски државјани, соопшти Министерството за внатрешни работи на Русија. Сепак не се прецизира нивната националност.

Извршителите се уапсени на стотина километри пред границата со Украина. исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во кој беа убиени најмалку 143 лица, а уште 100-ина се ранети. руската информативна агенција тврди дека напаѓачите меѓусебно не се познавале, а се запознале во хотел на северот на Москва.

Рускиот претседател Путин дециден-сите сторители и наредбодавците ќе бидат најстрого казнети. Официјален Киев ги отфрли тврдењата на Путин за наводна вмешаност на Украина во терористичкиот напад.