Нападите од кучињата скитници во Тетово растат
Глутници кучиња во секое тетовско мало, полициските билтени преполни со напади од бездомни животни, а општината нема никакви активности за решавање на овој децениски проблем ...

Стојче Делевски е само еден од многуте тетовци кои деновиве се нападнати од кучиња скитници. Носејќи храна за постар човек, поминувајќи покрај тенискиот терен бил нападнат од бездомните животни. Храната која ми ја собраа кучињата, ме спаси, раскажува тој.
Бара од градските власти решавање на проблемот, во спротивно ќе мора како што вели, ние граѓаните да преземеме наши мерки.
Сега локалната власт пак ветува дека е на повидок решавање на проблемот со кучињата скитници, а за таа цел веќе се одобрени средства од буџетот на општината.
Општинските власти во неколку наврати, се правдаа дека се носат кучиња скитници од другите општини во Тетово, затоа бројката на бездомни животни во Тетово од ден на ден расте. Оттаму најавија дека во соработка и координација со државните власти, ќе изнајдат и начин за заеднички пристап и решавање на проблемот на ниво на целиот полошки регион.
Зоран Димовски
