Трагедија

Лекарите згрозени од убиството на лекарот, за утре најавија протест

24.03.2024 09:52

Полицијата сè уште трага по сторителот или сторителите на убиството на 67-годишниот матичен лекар. Истражните органи ги анализираат трагите. Во знак на протест утре од 12 до 16 часот нема да примаат пациенти ...

Полицијата сè уште трага по сторителот или сторителите на убиството на 67-годишниот матичен лекар. Истражните органи ги анализираат трагите најдени на паркингот пред поликлиниката „Железара“, а ги прегледуваат и снимките од безбедносните камери во околината.

Мотивите и причините за убиството на Трповски сè уште се непознати. Се чекаат и наодите од обдукцијата. За неколку месеци требало да замине во пензија, а меѓу колегите важи за врвен доктор со огромен стаж. Неговите колеги се згрозени, но и револтирани поради убиството.

Во знак на протест утре од 12 до 16 часот нема да примаат пациенти. Бараат да се донесе посебен Закон за матичните лекари.