Партии

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја претстави изборната програма

24.03.2024 09:58

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја претстави изборната програма со која ќе настапи на парламентарните избори, насловена 1198...

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја претстави изборната програма со која ќе настапи на парламентарните избори, насловена 1198. Идната недела ќе ги промовира и носителите на листите и кандидатите за пратеници.

Лидерот Мицкоски ќе ја предводи листата во единицата, Владо Мисајловски во двојката, Драган Ковачки во тројката, Александар Николоски во четворката, Ѓорѓија Сајкоски во петката, а Дафина Стојаноска ќе ја предводи листата во шестата изборна единица.

Од партијата објавија дека во коалицијата им се приклучуваат неколку партии кои досега соработуваа со СДСМ, како Достоинство на Стојанче Ангелов, ТМРО на Ванчо Шехтански и Демократски сојуз на Павле Трајанов, но од таму велат дека за нив ќе нема место на кандидатските листи.