Партии

Лидерот на ДПА, Тачи доби зелено светло за коалицирање со ДУИ

24.03.2024 10:54

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби зелено светло од Централното собрание на партијата за предизборно коалицирање со ДУИ ...

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби зелено светло од Централното собрание на партијата за предизборно коалицирање со ДУИ. Тачи кажа дека партијата на кандидатските листи на таканаречениот европски фронт ќе добие две позиции, четврта и деветта во шестата изборна единица.

Ахмети коалицискиот договор за соработка со Тачи но и со Аријанит Хоџа ќе го потпише утре во Тетово.

Во фронтот, минатиот вторник, влезе Народното движење на Скендер Реџепи-Зејд. Според информациите Аријанит Хоџа, ќе биде на 11-та позиција во шестката, додека неговиот сопартиец, актуелен пратеник Бастри Бајрами ќе биде на петтата.