Силно невреме во Штип и околината, уништени 50 хектари земјоделски насади
Силно невреме во штипското село Лакавица. 50 хектари под градинарски култури, тутун и житарици се целосно уништени. Земјоделието е единствена егзистенција на овдешните жители. Никој не е осигуран. Поплави има и во Штип...

Силно невреме кое го зафати штопското село Лакавица целосно го уништи родот на над 50 хектари под градинарски култури, жито и тутун.
„За 10 минути направи ништо од нашиот труд да не се познава“, Ѓорѓи Арсов жител на с. Лакавица.
„Тиквичките се целосно уништени, исто и брокулата“, изјави Мите Младенов, жител на с. Лакавица.
„Планиравме да жнееме за 10 дена, а сега се ни е уништено“, изјави Вејсел Мемет, жител на с. Лакавица.
Овдешните земјоделци се очајни зашто родот не им е осигуран на никој.
„Само лозјето ми е осигурано, друго ништо. Немаме пари за осигурување“, изјави Љупчо Петров, жител на с. Лакавица.
Помош сега тие очекуваат од општината и државата.
„Ние живееме од земјоделие, немаме од што друго, никој не е вработен“, изјави Благојќо Ѓеоргиев, жител на с. Лакавица.
„Барем 50 отсто од штетите да ни покријат“, изјави Димче Јованов, претседател на МЗ Лакавица.
Првите пријави за отштета веќе се поднесени до општина Штип.
„Ние сме во фаза на формирање комисија за прценка на штетите која ќе излезе на терен“, изјава Драган Ристов, советник за односи со јавноста во о. Штип.
Освен во Лакавица, врнежите направија проблем и во Штип. Неколку штипски населби се поплавени.
„По секој поголем дожд целата вода завршува во мојата куќа. Атмосферската канализација не им еизведена добро и мене куќата постојано ми се поплавува“, изјави Влатко новаков, жител на населба Дузлак.
Екипи на јавите претпријатија се на терен и работат на санирање на состојбата.
Оливера Жежова
