Газа

Продолжува гранатирањето на Појасот Газа

24.03.2024 12:45

И натаму чад над Газа поради последователното гранатирање на Појасот. Секретарот на Обединетите нации Антонио Гутереш уште еднаш побара прекинување на воената операција ...

И натаму чад над Газа поради последователното гранатирање на Појасот. Секретарот на Обединетите нации Антонио Гутереш уште еднаш побара прекинување на воената операција на Израел.

И државниот секретар на САД Блинкен го предупреди Тел Авив да не презема напад врз областа Рафах на југот од Појасот. Во шестиот месец на војната загинаа околу 32 илјади Палестинци и 80 насто од 2,3 милиони жители на Газа се раселени.

Хамас сè уште држи во заложништво 100-ина лица по нападот лани на 7-ми октомври.