Ждрепка за редоследот на претседателски кандидати
Утре во Државната изборна комисија со ждрепка ќе се утврдува редоследот на гласачкото ливче за следните парламентарни избори. Роковите течат. До втори април, партиите и коалциите треба да ги достават кандидатските листи за претстојните парламентарни избори.

Македонија одбројува до претседателските и парламентарни избори во земјава. Роковите течат. Кој кандидат на која позиција ќе се најде на единствената листа ќе биде познат в понеделник по ждрепката во Државната изборна комисија
На полноќ на втори април престанува да тече рокот за доставување на кандидатските листи за парламентарните избори, а на истиот датум се затвора и избирачкиот список. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 18- ти април, а вториот круг, доколку го има, заедно со парламентарните на 8 ми мај.
Претседателската кампања почнува на 4 ти и ќе трае до 22-ри април. Парламентарната од 18-ти април до 6-ти мај.
Државната изборна комисија веќе работи со полна пареа, а на последната седница, меѓу другото, ги усвои и предлог програмите за задолжителна обука на изборните органи, на граѓаните и на други чинители. Спроведена е и обука на медиумските работници.
На втори април истекува и рокот за потпишување на кодексот за фер избори.
Марија Котовска
