СП Бразил шести ден: Голманите одлучија
Вчерашниот ден пак, значеше заокружување на првото коло на мундијалот со последните два натпревари одграни во Х групата...

Ако асоцијација за бразилската фудбалска репрезентација се голови, овојпат тоа задоволство ни беше ускратено. Не се истакнаа голгетерски ниту нивните синоќешни мундијалски противници мексиканците, на јубилејниот 40-ти нивен дуел. Имаше Бразил што е право сериозни шанси за погодок, но за мексиканскиот голман немаше шут што за него беше проблем да се совлада. Очоа по ваквата партија на репрезентатвниот гол вели дека ова е негов натпревар на животот. Задоволен е Сколари бразилскиот стратег по ваквиот исход, реми без голови, додека Ерера мексиканскиот селектор, потенцира дека со оваа игра Мексико покажале дека се подготвени за и на се. Се чини ваквиот конечен исход им оди на рака на обете селкции, со оглед на тоа што имаа стартни победи на светското, додека во подредена ситуација сега доаѓаат хрватите кој повеќе ќе се радуваа доколку вчера Бразил беше победникот.
Вчерашниот ден пак, значеше заокружување на првото коло на мундијалот со последните два натпревари одграни во Х групата. Белгија неочекувано преку пресврт со мака до трите значајни бода и тоа преку Алжир. Поведоа алжирците во 25-тата минута од пенал кој прецизно го изведе Фегули. До последните 20 минути од средбата се стрепеше во тимот на Белгија, за конечно во 70-тата прво Фелаини враќа се на почеток, па Мертенс ги носи работите на место, Белгија 2, Алжир 1. Вилмотс ја истакна важноста на клупата на својот тим, додека неговиот колека првиот човек на Алжир Халилхоџиќ, признава дека неговите играчи имаа сили само за едно полувреме.
Можеби не така атрактивне меч одиграа Русија и Ј. Кореа со поделени бодови и голови. Ова всушност е и првото реми во Бразил, од трите досегашни по 17 одиграни натпревари, кое има погодоци. Прво полувреме видовме со споразлични закани, но не и конкретни, за второто го донесе прецизниот шутерски момент, нешто што се случи во 6 минути. Во 68-та со погодокот на Ли корејците поведуваат, за веќе во 74-тата минута резултатот на семафорот се менува со голот на Кержаков, за така и остане до крајот, 1:1. Ако на мексиканскит гол видовме чудесни одбрани, конечниот скор на овој меч може да се запише како условно, заслуга на голманските грешки. По вака одиграното на овие деве селекции, на Белгија и се отвора помалку шансата за посакуваното прво место во оваа група што значи избегнување на германската мелница.
Денешната мундијалска програма ни носи во сите три пресметки втора рунда. Денот натпреварувачки во 18 часот на прва го отвораат Австралија-Холандија. Во 21 Шпанија оди на спасовање на шампионската чест и бркање осминафинале преку Чиле, додека на полноќ Хрватите ќе бараат три бода во дуелот со Камерун, за фаќање приклучок кој би значел следна фаза.
