Марија Габриел утре ќе го врати премиерскиот мандат
Поранешната европска комесарка, која според договорот требаше да го замени Николај Денков во наредните девет месеци, рече дека земјата се наоѓа пред парламентарни избори.

Марија Габриел утре ќе го врати премиерскиот мандат на претседателот на Бугарија. Поранешната европска комесарка, која според договорот требаше да го замени Николај Денков во наредните девет месеци, рече дека земјата се наоѓа пред парламентарни избори.
Претседателот Радев, според Изборниот закон, треба да го предаде мандатот на лидерот на „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков.
„ГЕРБ нема да учествува во преговорите за вториот мандат. Жалам поради ваквата состојба, направивме премногу отстапки. Се надевам на нови избори кои ќе бидат одраз на земјата, со повеќе скромност, со јавност и преземање одговорност“, изјави Марија Габриел-заменик-премиерка на Бугарија во заминување.
