Зголемено полициско обезбедување на изборите
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, најави зголемено полициско присуство во Тетово и во Гостивар за време на одржувањето на изборите...

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во неделното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), најави зголемено полициско присуство во Тетово и во Гостивар за време на одржувањето на изборите.
Тој ова го кажа говорејќи за владината одлука со која не му беше дозволено да го смени началникот во СВР Тетово. Според Тошковски, во ситуација кога Владата нема да дозволи конкретна промена на началник од негова страна, и поставување дополнителен началник од страна на дополнителниот заменик-министер, тогаш, како што вели, не може да не постои сомнеж дека во најмала рака станува збор за некоја сомнителна работа.
Во меѓувреме се сретнал со началникот на СВР Тетово и од него побарал постапување по законот и максимална фокусираност. Вели дека добил гаранција оти СВР Тетово нема да се злоупотребува во изборите, но додава дека ќе бидат преземени дополнителни мерки за гаранција на фер изборен процес.
