Поголем откуп и продажба на земјоделски производи во април

18.06.2014 11:20

Продолжува зголемувањето на откупот и продажбата на земјоделските производи. Ваквиот тренд од статистика е забележан и во април годинава...

Според статистичките податоците, вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во април годинава е 765 милиони денари и претставува зголемување за 10,5 проценти од истиот период  лани.
 
Кај индивидуалните земјоделци откупот е зголемена скоро за 10, а од сопственото производство на претпријатијата за 11 проценти.
 
Поголема вредност на купената и продадената храна има кај индустриските и градинарските култури, добитокот и млекото, додека помали откупни цени се забележани  кај житата, овошјето, алкохолните пијалаци, живината, јајцата, млечните производи и рибатa.
 
Методија Трајков