Здравство

Матичните лекари на протест, нема да работат од 12 до 16 часот

25.03.2024 08:14

Стравуваат за својата безбедност. Бараат да се донесе законот за лекарска дејност...

Приватните матични лекари во знак на револт, но и почит за загубата на колегата, кој во четвртокот беше убиен пред поликлиника во скопска Железара, денеска ќе протестираат. Нема да работат со пациенти од 12 до 16 часот.

Стравуваат за својата безбедност. Бараат да се донесе законот за лекарска дејност.

Од Здружението ги повикаа колегите да ја почитуваат одлука за протест, која управниот одбор ја донело во петокот.