Русија

Тројца од четворицата терористи во Русија признаа вина

25.03.2024 08:20

Четворицата ќе бидат задржани во притвор најмалку до 22-ри мај. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот поткрепувајќи ја со видеоснимка...

Четворицата обвинети за нападот во концертната сала „Крокус Сити“ во кој загинаа 137 лица се идентификувани и изнесени поединечно пред судот во Москва. Тројца од нив се изјаснија за виновни по сите обвиненија. Четворицата ќе бидат задржани во притвор најмалку до 22-ри мај. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот поткрепувајќи ја со видеоснимка.

Жителите на Москва продолжија да палат свеќи и да им оддаваат почит на жртвите, меѓу нив и претседателот Путин. Тој претходно изрази сомнеж дека зад нападот стои Киев, бидејќи осомничените планирале да побегнат во Украина, Зеленски категорично негираше.

САД потврдија дека зад нападот стојат ИСИС и дека претходно испратиле предупредувања за планирани терористички напади во земјата, но Кремљ соопшти дека никогаш не ги добиле тие предупредувања. По нападот во Москва, Франција ја подигна тревогата за тероризам на највисоко ниво.