Газа

СБ на ООН гласа за резолуција за прекин на огнот во Газа

25.03.2024 08:25

Борбите во енклавата продолжуваат...

Советот за безбедност на ОН во нов обид да ја изгласа резолуцијата предложена од САД за итен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, откако претходно Русија и Кина ставија вето. Борбите во енклавата продолжуваат. Шефот на УНРВА, Лазарини изјави дека Израел ги известил он дека повеќе нема да дозволува преминување на конвои со храна во северниот дел на Газа.

Гутереш изјави дека се преземени мерки за да се искоренат можните „инфилтрации“ на УНРВА од страна на Хамас. Израелскиот министер за одбрана Галант во Вашингтон на, како што рече, важни разговори за зачувување на квалитативната воена предност на Израел и односите со Соединетите држави. Се очекува да бидат претставени и алтернативите за офанзивата во Рафах.

Поделеноста меѓу сојузниците околу Рафах ги затегна односите меѓу двете земји. Во исто време Јорданците во аман се судрија со полицијата на антиизраелскиот марш против офанзивата во Газа.