Русија - Украина

Продолжува размената на оган меѓу Москва и Киев

25.03.2024 08:58

Украина тврди дека погодила два руски десантни брода на црноморската флота и комуникациски центар на Крим ...

Украина тврди дека погодила два руски десантни брода на црноморската флота и комуникациски центар на Крим. Русија со серија напади врз електроенергетскиот систем. Uкраинската енергетска компанија потврди дека има прекини на струја во Одеса и соседен Mиколаев. 

Во истовреме, Полска бара објаснување од Москва за вчерашното нарушување на нејзиниот воздушен простор. Во Варшава повикан рускиот амбасадор.