Бразил
Смртоносни поплави на југоистокот од Бразил
25.03.2024 09:02
Најмалку 23 лица загинаа во разорната бура што предизвика поплави и свлечишта на југоистокот од Бразил ...

Најмалку 23 лица загинаа во разорната бура што предизвика поплави и свлечишта на југоистокот од Бразил. Најпогодени се Рио де Жанеиро и Еспирито Санто. Локалната власт соопшти дека спасувачите успеале да извлечат околу 90 луѓе од под урнатините.
Со чамци и авиони продолжуваат да трагаат по исчезнатите.
Бразилскиот национален институт за метеорологија неколку дена претходно предупреди на силното невреме што доаѓа само неколку дена откако во земјата беа забележани екстремните горештини со температури од 62 степени.
