Избори

Претставени партиските програми

25.03.2024 11:22

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ уште отсега почнаа за извлекуваат клучни поенти од нивните програми, со коишто ќе ја бараат поддршката од електоратот на парламентарните избори ...

По бурниот политички викенд, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ уште отсега почнаа за извлекуваат клучни поенти од нивните програми, со коишто ќе ја бараат поддршката од електоратот на парламентарните избори, кои ќе се одржат на 8 -ми мај, со вториот круг од претседателските.

Социјалдемократите тврдат дека имаат јасен, конкретен и издржан план за европска иднина. Тие најавуваат дека нивната програма ќе обезбеди повисок животен стандард, европски плати и пензии – ветуваат дека до 2028 година, минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 500 евра, со новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, со „Платформата 1198“ се обврзуваат на 55 илјади нови работни места, намалување на невработеноста до 7,5 проценти и годишен раст на економијата од 5 проценти.