Одложена пресудата за „Монструм“

18.06.2014 10:26

Пред 15-тина дена во завршните зборови обвинителството побара најстрога казна за обвинетите за грозоморното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро...

Во скопскиот Кривичен суд, иако беше најавена пресуда за случајот „Монструм“, одлуката е одложена за идната недела.  Засега нема официјална потврда за причините.

Пред 15-тина дена во завршните зборови обвинителството побара најстрога казна за обвинетите за грозоморното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро. Одбраната, пак, тврдеше дека нема докази за нивна инволвираност во случајот.

„Монструм“ влезе во судницата на 20-ти декември 2012-та година, а на обвинителната клупа тогаш седнаа тројца од обвинетите Сејди Рами, Фејзи Азири и Агим Исмаиловиќ, додека Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се уште се недостапни за македонските органи.

Издржуваат казна затвор во Косово за недозволена трговија со оружје. Македонските правосудни органи побараа нивна екстрадиција. Седуммина се  обвинети дека го организирале, давале логистичка поддршка, а тројца од нив директно го извршиле петкратното убиството на 12-ти април 2012 година кај Смилковско Езеро.