Економија
Комората со предлози за економски развој
25.03.2024 12:13
Првиот човек на Комората, Азески порачува – доста беше популизам, лажно партнерство и партизација...

Економијата да биде врвен приоритет во наредните 10 години, да се намали бројот на сегашните 1.354 институции, да се прогласи мораториум за нови вработувања во јавниот сектор, да се сведат на минимум непродуктивните буџетски трошења – ова се барањата кои Стопанската комора ги испорача во предизборие.
Оттаму посочуваат дека просечна стапка на економски раст од 1992 година до денес е помала од 2%, а јавниот долг се зголемува. Првиот човек на Комората, Азески порачува – доста беше популизам, лажно партнерство и партизација.
Во петок, во 5 до 12, Комората ќе промовира нов договор за економски развој.
