Собранието расправа за измените за Законот за пратеници

18.06.2014 11:34

Народните избраници во Собранието треба да расправаат по предлог измените на Законот за пратеници, предложени од Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ. Според измените, периодот под апанажа ќе зависи од пратеничкиот стаж.

Со законските измени се предвидува оној што бил пратеник во Законодавниот дом најмалку шест месеци да добива надомест во рок од три месеци, доколку некој бил пратеник од шест месеци до една година да добива апанажа шест месеци, а една година апанажа да прима пратеник доколку во Собранието работел подолго од две години.