Лекарска комора

Матичните лекари на протест, се бара поголема заштита по убиството на лекарот

25.03.2024 13:24

Матичните лекари на протест во знак на револт поради убиството на нивниот колега Ацо Трпковски во скопска Железара, и да испратат порака дека не се чувствуваат безбедно...

Матичните лекари најавија дека денеска од 12 до 16 нема да работат со пациенти, во знак на револт поради убиството на нивниот колега Ацо Трпковски во скопска Железара, и да испратат порака дека не се чувствуваат безбедно. Но, дел од нив, и покрај ова, им овозможија услуги на своите пациенти кои не беа информирани, па дојдоа во ординациите. Попладнево, прес-конференција на Лекарската комора.

Известува Анита Димитријевска – Велковска