Матичните во знак на револт, четири часа не работеа со пациенти
МВР тврди дека истрага е во напредна фаза, Комората со едноминутен молк, му оддаде почит на убиениот лекар. Матичните во знак на револт, четири часа не работеа со пациенти. Белите мантили бараат поголема заштита ...

Чекалницата кај матичен лекар, денес беше празна. Пациентите како да ги испочитуваа своите лекари кои сакаа на мирен начин да го свртат вниманието на надлежните по убиството на колегата Ацо Трпковски.
Здружението на приватни матичните лекари со свои барања за поголема заштита и безбедност.
Не може да се најде лекар кој не бил жртва на вербално насилство, има и такви кои биле и физички нападнати. Главен проблем е немањето трпение, особено на клиниките и ургентните центри.
Според истражувањето на Лекарската комора, 78% од докторите пријавија дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место.
Наташа Јанчиќ Менковски
