Ново издание на „Глумците пеат“
„Глумците пеат“ во режија на Дејан Пројковски, под диригентската палка на Љупчо Мирковски повторно на сцената на Националната опера и балет. Годинава ќе ја заживеат „Евровизија“ и што би се случило ако изборот се одржи кај нас …

Незаборавна забава, познати музички хитови и многу смеа. Светски спектакл на македонски начин. На 29-ти и 30-ти март, на сцената на Националната опера и балет „Глумците пеат“ годинава ќе ја заживеат „Евровизија“ и што би се случило ако изборот се одржи кај нас. Со 40 актери на сцена и 22 членови на оркестар, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски, во режија на Дејан Пројковски, актери од сите театри во земјава ќе имаат можност да излезат од својата комфорна зона.
Подготовката на аранжманите и распределбата на песните на актерите за овогодишното издание на „Глумците пеат“ траеле три месеци. Ова е единствената манифестација којашто обединува две многу сродни уметнички дејности, музиката и актерството, вели аранжерот Мирковски.
„Глумците пеат“ почна да се изведува во 1992-ра година, а последните изданија беа во 2005-та година. По 17 години пауза, манифестацијата повторно се врати лани.
Александра Спировска
