Турската компанија „Јилдирим Груп“ го купува „Фени“
Турската компанија „Јилдирим Груп“ е новиот сопственик на поранешниот комбинат „Фени“, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Кавадарци, Јанчев ...

Комерцијална банка ги продаде акциите вредни 40 милиони евра во „Еуроникел Индустри“. Турската компанија „Јилдирим Груп“ е новиот сопственик на поранешниот комбинат „Фени“, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Кавадарци, Јанчев.
Оваа фабрика за производство на фероникел, по завршување на законските регулативи, ќе започне со производство и пред сè ќе ги повлече на работа сите вработени кои беа дел од фабриката, но и сите компании кои се директни добавувачи на фабриката, вели Јанчев.
Според кој заедно со стечајниот управник, преку стечајната постапка на „Еуроникел Индустри“, ќе се обесштетат вработените и сите останати доверители.
