САД

Бајден потпиша Закон за буџет во вредност од 1,2 трилиони долари

25.03.2024 14:31

Конгресот со големо мнозинство го усвои пакетот, а Бајден го опиша како инвестиција во Американците и зајакнување на националната безбедност...

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша Закон за буџет во вредност од 1,2 трилиони долари. Така, избегна делумна блокада на федералните служби, соопшти Белата куќа. Конгресот со големо мнозинство го усвои пакетот, а Бајден го опиша како инвестиција во Американците и зајакнување на националната безбедност. 

Нацрт-законот не вклучува воена помош за Украина, Тајван или Израел, што е содржано во друг документ, кој Сенатот го усвои, но мнозинството републикански претставнички дом сè уште не дава зелено светло.