До крајот на јуни ќе се знае новата цена на струја за домаќинствата
Од први јули лани цената на струјата во Македонија беше намалена за 4,48 проценти, додека во соседна Србија се зголеми за 11, а во Бугарија за повеќе од 15 проценти...

До крајот на месецов ќе се знае новата цена на електричната енергија што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули и ќе важи една година. Во Регулаторната комисија за енергетика во моментов се прават пресметките и засега од таму не обелоденуваат колку ќе чини киловат- час електрична енергија за домаќинствата.
Од први јули лани цената на струјата во Македонија беше намалена за 4,48 проценти, додека во соседна Србија се зголеми за 11, а во Бугарија за повеќе од 15 проценти.
Енергетските компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН до крајот на мај ги доставија пресметките за нивните трошоци за 2013 година, но јавно не сакаат да кажат дали имаат зголемување и колку тоа ќе влијае врз крајната цената на оваа енергија.
Генерално сите три компании имаа одредени инвестиции во енергетските објекти, во опрема и слично, но сепак крајниот збор ќе го каже утврдената методологија по која се прават пресметките.
