Парното нема да поскапи, уверува Бислимовски
Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика попладнево одржа прес-конференција за енергетските политики. Парното греење нема да поскапи, уверува Бислимовски. Без мрежарината, струјат би била поскапа...

Централното парно греење нема да поскапи, уверува првиот регулатор Марко Бислимовски. Според него, не се отвора никаков простор за корекција на цената на топлинска енергија, туку на лето може да дојде само до намалување. Дали ќе има субвенции или не, во јуни ќе се донесе одлуката.
„Можевме и сега да носиме популистички одлуки како кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но решивме да им се помогне на потрошувачите кои во енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани“, кажа Бислимоски на прес-конференција.
Укинувањето на надоместокот за мрежарина од 200 денари би ја зголемило цената на струјата за прв блок 9,3%, односно за евтина тарифа за 15%.
Со овие 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе бидат покомотни околу крајните сметки за струја.
Во однос на ветувањата на партиите, Бислимовски дециден.
„Ниту партија вовела евтина тарифа, ниту партија може да укине надоместок, тоа може само РКЕ“, додаде првиот човек на Регулаторна.
Како резултат на повторното воведување евтина тарифа, потрошувачката на струја во евтина тарифа пораснала за 18%.
Борис Грујоски
