Студентските домови под лупа на Ревизорот
Единица за техничката опременост, солидна двојка за храната, тројката за мебелот, мензите и читалните. Студентските домови немаат соодветни услови за живот. Ревизија го потврди она што сите го знаат...

Иван од Битола е студент во прва година на Теолошкиот фалултет кој престојува во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Вели, редовно топла вода и греење во студените зимски денови сè уште е само сон за студентите. Несоодветните услови за идната интелектуална сила на државата не само што влијаат на квалитетот на живот туку и на образовниот процес, се вели во ревизорскиот извештај.
Но, привилегија е да се биде примен дури и во вакви услови. Студенскиот дом „Кузман“ не е во употреба, а „Стив“ функционира со пола капацитет, бидејќи се во фаза на реновирање. Во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ се примени пола од студентите кои поднеле барање.
Во 2015-та била најавена изградба на три студентски домови. Изграден е само еден, во Тетово, со капацитет од 300 студенти, но не и планираните два во Скопје.
Анкетата на ДЗР покажува дека кај студентите постои големо незадоволство од состојбите со сместувањето и исхраната и бараат итно подобрување на условите во студентските домови и обезбедување повисок стандард за живеење и студирање.
МОН нема Регистар на студентски домови.
Александра Велинова
