БРИСЕЛ

Регулаторите на ЕУ отворија истраги против Apple, Google и Meta

25.03.2024 14:28

Од Европската комисија велат дека ги истражуваат компаниите дали целосно ги почитуваат правилата...

Регулаторите на Европската унија отворија истраги против Apple, Google и Meta, први случаи во рамките на новиот закон кој е креиран да ги спречи големите технолошки компаниите да наметнат ограничувања на дигиталниот пазар. Од Европската комисија велат дека ги истражуваат компаниите дали целосно ги почитуваат правилата.

Постои загриженост дека посочените компании наметнуваат наплата на такси кои ги спречуваат апликациите слободно да промовираат понуди. Комисијата рече дека има за цел да ги заврши истрагите во рок од 12 месеци.