Нови партии во коалицијата на ДУИ
Лидерите на ДУИ, ДПА, Народно движење и Европска демократска партија го промовираа Европскиот фронт во Тетово, откако партиите на Мендух Тачи и Аријанит Хоџа потпишаа договор за влез во оваа коалиција ...

Европскиот фронт лидерот на ДУИ, Али Ахмети го поистовети со обединувањето на албанските лидери во 2001 година, кога како што рече потпишале договор со цел подобрување на статусот на Албанците. Ги повика и другите заедници да се приклучат на фронтот кој според него, ќе издвојува една од најголемите победи на Албанците во Македонија.
„Ако пред 22 години на некого му речевте дека ќе се земат касарните на Младиќ и ќе се пренаменет во универзитет ќе речеше овие се луди. Да му кажеше некој на некого дека пред 22 години во Македонија ќе има премиер Албанец ќе речеше овие се луди, ако пред 15 години некој кажеше дека јас и Тачи ќе потпишеме договор ќе речеа не е возможно, но ова вистина“, дополни Ахмети.
Претседателот на ДПА Мендух Тачи истакна дека не се работи за обична битка помеѓу албанската позиција и опозиција.
„Лидерите на еден народ треба да ја забележат опасноста од далеку да бидат подготвени, ризикот што му се заканува е тоа што руската агресија му се заканува на цивилизираниот свет, таа е инсталирана во Србија и во Босна и Херцеговина и ова обединување е да се спречи сето тоа. Ние со 30 пратеници ќе му оневозможуваме влез на руската политика. Апелирам до луѓето што ја поддржувале ДПА во овие 30 години, заедно да бидеме за овој фронт“, рече Тачи.
Аријанит Хоџа посочи дека Европскиот фронт ќе овозможи обединување на Албанците како во времето на Скендербег.
Реџепи од Народно движење пак кажа дека нивното политичко патување во ЕУ мора да продолжи, по сигурни патеки оти друга алтернатива нема.
Зоран Димовски
