Избори 2024

Во ДИК со ждребување утврден редоследот на претседателските кандидати

25.03.2024 15:02

Утврден редоследот на кандидатите за претседател на државата. По спроведеното жребување, редоследот на кандидатите ќе биде објавен во Службен весник...

Редоследот на кандидатите за претседател на државата  утврден со  жребувањето во Државната изборна комисија во присуство на претставници на подносителите на кандидатурите. Листата ќе ја предводи актуелниот шеф на државата Пендаровски, веднаш по него е кандидатката подржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

По спроведеното жребување, редоследот на кандидатите ќе биде објавен во Службен весник.

Дијаспората ќе гласа за претседател, но не и за парламенмтарните избори, бидејќи не се регистрирани доволен број на гласачи. Според претседателот на ДИК, подготовки се во тек.

Донесени се одлуки за едукација на избоните органи, се очекуваат предлози од власта и  опозицијата за членови во избирачките одбори, вели Даштевски.

Најдоцна до 2-ри април до ДИК треба да бидат доставени и кандидатските листи за пратеници.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24-ти април, а вториот на 8-ми мај, заедно со парламентарните избори.

 

Марина Стојанова - Тонева