За една недела пријавени 72 нови случаи на голема кашлица
За една недела, 72 нови случаи на заболени од голема кашлица. Девет деца се хоспитализирани...

За една недела 67 отсто е зголемен бројот на заболени со голема кашлица. Седумдесет и два нови случаи се регистрирани од 1-ти до 21-ви март, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје. Заклучно до 21-ви март, во земјава се регистрирани 287 случаи на голема кашлица. Вакцините се безбедни, уверува лекарската фела. Социјалните мрежи се сива зона што не може да се контролира, велат надлежните и постојано се бара начин да се мотивираат пациентите да пријават доколку некој нивни колега штити антивакцинална кампања.
Град за пример е Кичево, каде што опфатот на вакцинација е 96%.
На иницијатива на Лекарската комора истакнати претставници на научни, образовни и стручни организации потпишаа декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата.
Ана Јосифоска-Тодоровска
