Американски маршали- луѓето кои ги гонат криминалците кога се во бегство

18.06.2014 11:58

Американскиот сервис Маршали е еден од федералните полициски агенции во Соединетите американски држави. Има вкупно 5.1431 вработени, од коишто 94 маршали и 3829 заменици маршали. Од 1971, под заштита на американските маршали биле 9.900 заштитени сведоци...

Американските маршали се федерални агенти чија задача е да апсат бегалци од законот. Под нивен надзор има 34 различни полициски агенции од Мериленд, Вашингтон и Вирџинија коишто ја формираат заедничката оперативна сила за приведување на стотици бегалци. Работата почнува со информации за бегалците и нивното последно место на престој. Ова е случај на осомничен за продажба на дрога и претходно осуден на затворска казна за кражба, којшто е во бегство во околината на главниот град Вашингтон.

„Работата ни е да ги бркаме бегалците. За тоа сме платени“, вели американски заменик- маршал.

По добиените информации за местото каде се крие бегалецот, почнува акцијата. Овој бегалец држи заложници во куќа во Минесота.

„Бегалецот има пиштол“, вели американски маршал.

Поседување на оружје, дрога, осомничени за убиство или силување, американските маршали се луѓето коишто ги гонат криминалците откако тие ќе се дадат во бегство.

„Денеска при ова приведување откривме уште тројца бегалци, меѓу коишто е еден малолетник и еден сведок во судски процес“, вели американски заменик- маршал.

Само минатата година, американските маршали привеле над 110 илјади бегалци од законот и биле депортирани 950 странци. 

Американските маршали се задолжени и за заштита на судовите и на заштитените сведоци.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ