Македонија
Турската компанија „Јилдирим Груп“ го купува „Фени“
25.03.2024 16:43
Турската компанија „Јилдирим груп“, преку нејзината холандска компанија „Полиникел холдинг“ ќе биде нов сопственик на „Еуроникел“, поранешен „Фени“...

Турската компанија „Јилдирим Груп“, преку нејзината холандска компанија „Полиникел холдинг“ ќе биде нов сопственик на „Еуроникел“, поранешен „Фени“.
За ваквата разврска на домашниот голем индустриски капацитет, преку соопштение до Македонската берза, извести Комерцијална банка, која е сопственик на имотот на комбинатот. Вредноста на зделката е 40 милиони евра. Од банката посочија дека за завршување на постапката треба да се исполнат и законски и регулаторни барања.
