Украина

Москва ги интензивира ракетните напади врз Киев

25.03.2024 19:08

Во Киев се регистрирани повеќе експлозии, има повредени. Уништени се и две балистички ракети што руските сили ги истрелаа врз Киев од окупираниот Крим...

Москва лансираше ракети кон Киев, третпат за пет дена. Во градот се регистрирани повеќе експлозии, има повредени. Уништени се и две балистички ракети што руските сили ги истрелаа врз Киев од окупираниот Крим.

Украинската војска соопшти дека соборила осум од девет беспилотни летала во текот на ноќта над регионите на Миколаев и Одеса.

Руското Министерство за одбрана пак, соопшти дека собориле 11 украински беспилотни летала вклучени во напад врз Ростов. Обвинија дека украински дронови ја нападнале термоцентралата Новочеркаск, поради што два нејзини енергетски блока биле привремено надвор од употреба.