САД

Трамп доби рок од десет дена да уплати 175 милиони долари за жалба на пресудата за измама

25.03.2024 19:10

Апелациониот суд во Њујорк му даде рок уште десет дена на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да уплати 175 милиони долари за жалба на пресудата за измама...

Апелациониот суд во Њујорк му даде рок уште десет дена на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да уплати 175 милиони долари за жалба на пресудата за измама.

Доколку не ја плати, властите во Њујорк би можеле да запленат дел од неговиот недвижен имот. Кандидатот за нов мандат за шеф на Белата куќа рече дека ќе ги плати 175-те милиони долари во готовина или обврзници.

Трамп и неговата компанија се обвинети дека незаконски ја зголемиле вредноста на нивното богатство и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни заеми од банките и поволни услови од осигурителните компании.