Советот на Европа
Советот на Европа ќе одржи седница на 27-ми март за прием на Косово
25.03.2024 21:07
Седницата на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која ќе се расправа за апликацијата за членство на Косово, ќе се одржи в среда, на 27-ми март...

Седницата на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која ќе се расправа за апликацијата за членство на Косово, ќе се одржи в среда, на 27-ми март.
Грчката пратеничка и поранешна министерка за надворешни работи Дора Бакојани пред Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе го претстави својот извештај за барањето на Косово за прием во најстарата паневропска организација Советот на Европа.
