Свет
Тројца загинати во земјотресот во Нова Гвинеја
25.03.2024 22:37
Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди оддалечениот дел на западна Папуа Нова Гвинеја...

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди оддалечениот дел на западна Папуа Нова Гвинеја при што загинаа најмалку три лица и предизвика голема штета на околу илјада домови, соопштија официјални лица.
Земјотресот го потресе регионот Источен Сепик околу 6.20 часот во неделата во близина на градот Амбунти, на околу 756 километри северозападно од главниот град Порт Морзби, и на длабочина од околу 40 километри, според извештаите на Австралиската радиодифузна корпорација.
