Временска прогноза
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
26.03.2024 08:06
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
