ИЗРАЕЛ

Израел ја откажа посетата на делегацијата во САД

26.03.2024 08:29

Потегот следи откако САД гласаа воздржано за резолуцијата на ООН за итен прекин на огнот во Газа...

Во Вашингтон се изненадени од потегот на Тел Авив да ја откаже предвидената посета на израелската делегација во САД. Потегот следи откако САД гласаа воздржано за резолуцијата на ООН за итен прекин на огнот во Газа. Американскиот официјален претставник рече дека планот на Израел да влезе во Рафах не е неминовен и дека сè уште ќе има време за тековни разговори – и покрај откажаното патување.

„Тоа е разочарувачки. Многу сме разочарани што тие нема да дојдат во Вашингтон за да ни дозволат да водиме целосен разговор со нив за остварливи алтернативи за нивното влегување на теренот во Рафах“, изјави Џон Кирби, совет за национална безбедност на САД.

Високи американски функционери сепак ќе се сретнат на одделни разговори со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, кој е во Вашингтон, за прашањата како заложници, хуманитарна помош и заштита на цивилите во јужна Газа.