МЕКСИКО
Шумски пожари уништија над 1.400 хектари шума во Мексико
26.03.2024 08:31
Националната комисија за шумарство соопшти дека некои од 58-те активни шумски пожари ги зафатиле заштитените природни области во централните држави Морелос, Веракруз и државата Мексико...

Пријавени се шумски пожари во најмалку 15 од 32 држави во Мексико, делумно предизвикани од големата суша што погоди цели региони. Националната комисија за шумарство соопшти дека некои од 58-те активни шумски пожари ги зафатиле заштитените природни области во централните држави Морелос, Веракруз и државата Мексико.
Според Агенција задолжена за зачувување и обновување на шумите над 1.400 хектари биле зафатени од пламените јазици. Огнената стихија опустоши земјоделски површини, а регистрирани се и уништени домови по што неколку семејства се евакуирани.
