Обединето кралство

Судот во Лондон решава за жалбата на Асанж

26.03.2024 08:42

Вашингтон го бара 52-годишниот Асанж по обвиненијата поврзани со објавувањето на доверливи документи со што наводно го загрозил животот на американски агенти...

Високиот суд во Лондон денеска треба да реши дали Австралиецот и основач на Викиликс Џулијан Асанж ќе може да се жали на одлуката за негова екстрадиција во САД. Вашингтон го бара 52-годишниот Асанж по обвиненијата поврзани со објавувањето на доверливи документи со што наводно го загрозил животот на американски агенти.

Поддржувачите на Асанж и натаму тврдат дека се работи за политички мотивиран случај.