Украина
Бела куќа: Киев не е вмешан во нападот во Москва
26.03.2024 08:42
Шефот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Борел изјави дека безбедносните служби на Русија соработуваат со Европската унија во истрагата за терористичкиот напад и покрај војната во Украина...

Белата куќа ги отфрли руските тврдења дека нападот во концертната сала во близина на Москва, во кој загинаа 137 лица, е поврзан со Украина. Шефот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Борел изјави дека безбедносните служби на Русија соработуваат со Европската унија во истрагата за терористичкиот напад и покрај војната во Украина.
Од Брисел стравуваат дека рускиот претседател Путин може да го искористи нападот за да го оправда зголемениот интензитет на нападите врз украинската цивилна инфраструктура.
