Епилепсија

Меѓународен ден посветен на подигнување на свеста за епилепсијата

26.03.2024 08:46

Еден од 100 луѓе живее со епилепсија, а кај речиси 50 насто од случаите причините за појавата на оваа состојба не се познати...

Денеска се одбележува Меѓународниот ден посветен на подигнување на свеста за епилепсијата и начините за спречување на стигматизација на овие луѓе. Еден од 100 луѓе живее со епилепсија, а кај речиси 50 насто од случаите причините за појавата на оваа состојба не се познати.

Сепак, тие може да вклучуваат генетски фактори, повреди на главата, мозочни удари, инфекции или изложеност на токсини, абнормалности во развојот на мозокот или разни метаболистички нарушувања. Епилепсијата не е заразна, а во повеќето случаи не се влошува со текот на времето.

Луѓе со епилепсија, со соодветна терапија, можат да имаат нормален и исполнет живот, велат лекарите.