Собрание

Три собраниски комисии денеска во Собрание

26.03.2024 08:54

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници треба да одржат три собраниски комисии ...

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници треба да одржат три собраниски комисии.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог-измените на Законот за стокови резерви кои се по скратена постапка, додека Комисијата за европски прашања треба да расправа по Предлог-законот за вино, како и за Предлог-измените на Законот за енергетска ефикасност и Законот за авторско право и сродни права.

Сите овие законски решенија се на дневен ред на Законодавно-правната комисија.