АМСМ

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

26.03.2024 09:01

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект „Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола“, и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.