Кошаркарите на Атланта Хокс со победа против Бостон
Хокс славеа со 122:120 и покрај тоа што во еден период имаа негатива од 30 поени. Бостон во еден момент имаше предност од 68-38, но како што одминуваше мечот Атланта полека се враќаше и на крајот успеа да направи комплетен пресврт ...

НБА лигата кошаркарите на Атланта Хокс направија спектакуларен пресврт против најдобриот тим во лигата, Бостон Селтикс. Хокс славеа со 122:120 и покрај тоа што во еден период имаа негатива од 30 поени. Бостон во еден момент имаше предност од 68-38, но како што одминуваше мечот Атланта полека се враќаше и на крајот успеа да направи комплетен пресврт и да дојде до сензационална победа од 120-118. Бостон Селтикс во натпреварот влегоа со серија од девет победи, односно со 20 победи на последните 22 натпревари.
На четири и пол минути до полувремето Селтикс водеа со 68:38, кога Атланта го започна нестварниот пресврт. Ова е најголемиот кам-бек на Хокс од сезоната 1997/1998, кога НБА почна да води детална статистика за секој посед.
